Најдобриот стрелец во Лигата на Шампиони со девет голови, Луис Адријано е пред трансфер во италијанскиот калчолигаш Рома.
Фудбалерот на Шахјтор од Доњецк на Олимпико ќе остане до крајот на сезона како позајмен играч со можност за откупувањето на целиот договор.
Целосниот договор на Луис Адријано изнесува десет милиони евра, а „волчицата“ за шест месечната позајмица ќе „искешира“ два милиони.
Сезонава во ЛШ, Луис Адријано постигна пет погодоци на еден натпревар и стана вториот фудбалер по Лионел Меси со ваков учинок во било кое натпреварување под капата на УЕФА.
Мх.П.