Вис Пој – Хотел Тино и Џале Турс – Бел Мерцедес се полуфиналните двојки на 9. меморијален турнир “Стефан Толески “ во Пештани.


До полуфиналето Џале Турс стигна откако беше подобар во мајсторката против Жито Леб со 2-0 на пенали 1-1, во регуларниот дел.

По последната рунда во Б групата, Бел Мерцедес и Хотел Тино обезбедија пласман меѓу најдобрите четири. Хотел Тино прокнижи службени 3-0 со Враништа, додека Бел Мерцеде со 3-2 го“тепаше“ Брник.

Вечерва се играат полуфиналните натпревари со почеток од 20.30 минути.
Вис Пој – Хотел Тино
Џале Турс – Бел Мерцедес

М.П.