Млеко – Очекувано се наоѓа на листата пијалоци корисни за конзумирање, особено кога станува збор за забите. Заради калциумот и витаминот D кои ги содржи во себе , конзумирањето млеко помага во одржувањето на цврсти и здрави заби. Освен тоа, при негово конзумирање се создава и заштитен филм што помага во спречување на појавата на парадентоза.
Зелен чај – ќе придонесе да ја задоволите потребата од кофеин , а притоа нема да се предизвика создавање на обоени дамки на забите. Со количеството флуор кое го содржи во себе помага во одржувањето на цврсти заби.Освен што го наламува ризикот од појавата на кариес, зелениот чај го намалува и ризикот од појавата на остеопороза и срцеви заболувања , има антиоксидантно дејство и содржи нула калории.
Минерална вода – заради количеството на минерали кои ги содржи како и калциум фосфат нејзиното конзумирање не им штети на забите.
Обичната вода е секогаш најдобар избор Вашето тело целосно да се хидратизира. Таа ја одржува устата чиста , помага да се отстранат остатоците од храна кои останале помеѓу забите и го неутрализира чувството на сува уста. Конзумирањето на флуоризирана вода е наједноставен начин на превенција од кариес. Обичната вода е корисна не само за оралното , туку за целокупното здравје на Вашиот организам . Пиењето на чаша вода пред оброк го намалува чувството на глад , а конзумирањето на доволно количество течности дневно поволно вилијае за согорување на калориите.
Пијалоци кои не се препорачува да ги конзумирате доколку се грижите за Вашето орално здравје
Газирани пијалоци – се наоѓаат на врвот на листата. Тие се најголеми уништувачи на забната глеѓ , а оние обоените дополнително се виновни и за обојување на забите. Некои од нив содржат и до десет лажици шеќер по чаша.
Кафе и црн чај – познато е дека колку се потемни пијалоците толку повеќе предизвикуваат обојување на забите . Затоа , доколку сакате да имате бели заби , треба да внимавате овие пијалоци да не се наоѓаат на Вашето дневно мени.
Црно вино– сигурно дека не би можеле да си ветиме дека никогаш веќе нема да пиеме црно вино , но препорачливо е во текот на неговата конзумација од врме на време да се напиеме и по некоја голтка вода со што би го намалиле обојувањето кое црното вино го предизвикува.
Сокови – овошните, посебно цитрусните, заради својата киселост штетно влијаат на забната глеѓ , а ништо помалу штетни не се ни соковите кои ги купуваме од маркетите , а кои содржат вештачки бои , ароми и шеќери со што можат да се вбројат меѓу првите предизвикувачи на кариес . Енергетските напитоци исто така содржат високо ниво на шеќери и предизвикуваат киселост.Диеталните безалкохолни напитоци не содржат шеќери , но содржат лимунска и фосфорна киселина кои ја оштетуваат глеќта. За да ги спречите штетните ефекти кои можат да ги предизвикаат ваквите пијалоци , препорачливо е по нивното конзумирање да пиете вода со што ќе дојде до испирање на усната шуплина и ќе се спречи шеќерите да се наталожат на забите.
Алкохолни пијалоци – го намалуваат лачењето на плунка и ги иритираат непцата. Порди својата агресивност , можат да предизвикаат оштетувања на слузницата во усната шуплина.
После конзумирање на пијалоците кои ги сврстивме во листата на пијалоци штетни за Вашите заби , во уста може да почувствувате горчлив вкус. Тоа е вкус на киселината која се создава и делува уништувачки , особено на глеќта на забите. Затоа е важно по конзумирање на ваквите пијалоци, да пиете обична вода или да ги исчеткате забите како би ја неутрализирале киселината.
Четкањето на забите после секој оброк, особено ако сме конзумирале храна и пијалоци богати со шеќери, значително помога во заштитата од кариес.
Пишува Д-р Сашо Стоев Стоматолошка Ординација „Д-р Сашо Стоев“ www.drsasostoev.com
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој и оваа година е редок по своите ретки 28 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како СВОЈ, по ОСМИ пат ќе се оби...
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој и оваа година е редок по своите ретки 28 дена и во месецот кој пациентите со ретки болести го идентификуваат како свој, по 8 пат ќе се обидем...
Неколку млади луѓе во провинцијата Антверпен, Белгија, биле хоспитализирани, а едно е во кома, по употреба на електронски цигари што содржеле течност од „домашно производство“, за која постои сомне...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.