На олимпијадата ќе се натпреваруваат учесници од Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Македонија, Романија, Србија и Хрватска, кои ќе ги покажат своите знаења во областа на информатиката, односно програмирањето. Ќе се натпреваруваат во решавање алгоритамски проблеми во два натпреварувачки дена. Секоја земја учествува со тим кој се состои од 4 натпреварувачи, лидер и заменик лидер на тимот.
Учесниците кои ќе постигнат значајни резултати на олимпијада ќе добијат можност за бесплатно студирање на најпрестижните универзитети во светот.