Најдобрите двајца тенисери Новак Ѓоковиќ односно Рожер Федерер ќе ги одмерат силите во финалето на АТП турнирот во Лондон.


Федерер во пресметката со својот сонародник во неколку наврати се враќаше од „мртвите“ спасувајќи меч топки на противникот. На крајот „федекс“ успеа да победи со 2-1 во сетови (4-6, 7-5, 7-6).

Нешто полесен полуфинален натпревар имаше Ѓоковиќ, кој во три сетови го совлада Јапонецот, Кеи Нишикори  (6-1, 3-6, 6-0).

Финалниот натпревар од последниот АТП турнир се игра во 19 часот.

Мх.П.