Македонските преставници во Лигата на Шампиони, Вардар и Металург извојуваа победи во третата рунда која изобилуваше со многу возбудувања, добри и неизвесни натпревари.
„Црвено црните“ на крилата од пивотот Алем Тоскиќ кој реализираше седум погодоци без грешка го совлада Кристијанштад додека Металург пред своите гледачи го совлада Елверум.
Српскиот интернационалец со таков учинок го заслужи местото на линијата од шест метри во тимот на колото.
Овој пат во најдобрите одбрани и погодоци нема ракометар кој доаѓа од македонските екипи, но сепак вредат да се погледнат.
Ohridnews











