Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска, ќе ги прими студентите со највисок просечен успех кои се во тек со студиите на Универзитетот за информатички науки и технологија „Св. Апостол Павле“ – Охрид.

Ова е петта од серијата планирани средби на Претседателот со студентите од сите универзитети во Република Македонија. Во текот на годинава претседателот Иванов ги прими најдобрите студенти од општествените науки од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Основната цел е да се слушнат размислувањата и идеите, но и предизвиците со кои се соочуваат најдобрите претставници на младата академска сила, да се поддржи нивната креативност и иновативност, и да се поттикнат нивните идни академски и професионални успеси. 

По повод Денот на дрвото, претседателот Иванов заедно со најдобрите студенти од охридскиот универзитет, ќе засади дрва во дворот на претседателскиот кабинет.

OhridNews