Британката Хелен Саутол има најдосадна работа на светот. Всушност, таа буквално е платена за да гледа како расте тревата. По професија е аналитичар на растителни семиња и своите работни денови ги поминува гледајќи ги своите примероци за да се осигура дека тревата ќе нарасне до оптималната должина за одредено време. Иако многумина би помислиле дека таа е незадоволна со својата работа, оваа 40 годишна жена е всушност фасцинирана од истата бидејќи поголемиот дел од работното време го поминува надвор и на свеж воздух.

„На луѓето им изгледа чудно кога им кажувам дека мојата работа е да гледам како расте тревата, но јас мислам дека е фасцинирачки и дека никогаш не би можела да работам нешто друго“ вели Хелен која додава дека е доста инспиративно кога ќе види совршена трева благодарение на нејзиниот труд.