Мисицата на Јужна Каролина со својот „бисер“ пред повеќе милионската публика, нималку не помогна за имиџот на мис,но и за блондинка – во делот од изборот во кој убавиците одговараат на прашања, го дала „најглупавиот одговор во историјата“, со што предизвикала подсмев кај публиката а и во целата земја. Сега е главна фаца на тамошните интернет форуми, а по недостатокот на интелигенција ја споредуваат со Џесика Симпсон, која пред овој епохален одговор ја носеше титулата „најглупава американска блондинка“.

Мисицата на  Јужна Каролина – Лорен Кејтлин Аптон на Изборот за Мис на  САД е прогласена за трета придружничка, но многу повеќе од нејзиниот пласман тамошната јавност ќе го памети одговорот кој го дала на прашањето „како би го искоментирале фактот дека една петтина од Американците не знае да ги најде САД на карта на светот?“.

“Јас лично верувам дека Американците тоа не го можат, затоа што некои луѓе немаат географски карти. Мислам дека школувањето во Јужна Африка и Ирак…Мислам дека нашето школство би требало да им помогне па ќе можеме да ја изградиме нашата иднина“ – рекла мисицата од Јужна Каролина.

Со својот одговор кој нема врска со поставеното прашање, а ни со здравиот разум, Лорен толку ги насмеала гледачите, што преку ноќ постанала „најглупавата американска блондинка“.

Иако убавицата тврди дека не го чула добро прашањето, останатите натпреварувачки истакнуваат дека таа по своите бисери станала позната уште првиот ден од припремите, а нејзиното непознавање на географијата на САД ги увредило повеќето од конкурентките, со оглед на тоа дека Кејтлин Аптон за некои сојузни држави за прв пат слушнала токму кога ги запознавала представничките.