Џејми Нил бил прогласен за виновен за обид за кражба и бил осуден на две години затвор. Имено, тој и Герет Тили во алкохолизирана состојба се обиделе да ограбат бензинска станица, и притоа користеле мобилен телефон како пиштол и провидна најлонска кеса како маска.

Планот им се одбил од глава кога продавачката на станицата видела дека „пиштолот“ засветел, бидејќи некој се обидел да го повика Џејми додека го извршувал грабежот, па вработената веднаш го притиснала копчето за аларм и ја известила полицијата. полицајците многу брзо ги фатиле криминалците, бидејќи лицата јасно им се гледале на камерата, па ги осудиле на по две години затвор.