Оваа есен заборавете на неонските бои и пастелните нијанси.


Речиси сите водечки брендови се одлучија за “темна есен” односно претставија колекции во кафеава, виолетова, сива и маслинасто зелени нијанси.


Брендот “Illamasqua” во својата колекција со име “The Sacred Hour” претстави кафени кармини, палети за очи во сива и кафена нијанса, руменила со бои на есенски листови е најинтересниот новитет оваа есен.


Убавата Рајана во својата нова колекција за “MAC” исто така воведе темни нијанси кои не се типични за нејзиниот начин на шминкање, а брендот “Estee Lauder” во својата најнова кампања ги покажа своите темно зелени и сиви лакови за нокти.


Маслинестата боја како хит оваа есен исто така ја претстави и “Chanel”, кои сеуште останаа верни на своите живи нијанси за образите и усните.