Во чекор со светските модни трендови, бутикот „Емили“ и годинава нуди најголем избор на костуми и свечени фустани, наменети за матурските прослави, по најпристапни цени.

Во продавниците на овој препознатлив бренд, во ТЦ „Амам“ на кат во Охрид и спроти градскиот пазар во Струга, оваа година ја подготвија акцијата „Компетно облечен матурант за 5.500 денари“.  

-Оваа цена се однесува на соодветна комбинација на сако, пантолони, кошула и машна за чиј избор ќе ви помогне стручен и искусен тим. Исто така нудиме брза и бесплатна корекција за секое купено парче облека од стручни лица, како и плаќање на рати, велат од бутикот „Емили“.

Освен огромниот избор на машка свечена гардероба, „Емили“ нуди и уникатни модели на кратки и долги свечени фустани.

-При купувањето на фустаните се води сметка, еден ист модел на фустан да не биде продаден во исто училиште, со цел да не дојде до повторување на моделите кај матурантките, нагласуваат од бутикот.

Инаку бутиците „Емили“ веќе две децении на своите купувачи им нудат производи од врвни производители и одличен квалитет.

Повеќе модели и инфо на следниот линк.

OhridNews