Антон Пурисима, 62-годишен жител на Њујорк, својата тужба ја започнал со каснување од куче, за да заврши на аеродромско кафуле, а од сите наведени како оштета бара дури 2 квинтилијарди долари, износ со 36 нули. Со рака пишуваната тужба, која претставува светски рекорд во барање накнада за штета, ја доставил до сојузниот суд на Менхетн, а пописот на тужените е прилично голем. Пурисима го тужи кафулето Ау Бон Пеин, две болници, продавницата Кмарт, брзата помош, јавниот превоз во Њујорк, аеродромот ЛаГуардиа, градот Њујорк и лицето Еми Кагиула.
На дури 22 страници од тужбата, Пурисима тужи за повреда, кршење на човековите права, дискриминација на темел националност, малтретирање, измама, намерно нанесување душевна болка, здружување со намера измама и обид за убиство. Во тужбата се наведуваат претрпените повреди кои му ги задало куче додека се возел во градски автобус, а потоа и кинески пар кој без негова дозвола го фотографирал додека лежел во болница. Исто така го спомнува и аердромското кафуле кое веќе со години премногу му го наплаќа кафето. Освен што станува збор за досега највисока побарана сума во една тужба, исто така се работи за повеќе пари отколку што некогаш постоеле на Земјата.