Во рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен начин“ Фондацијата Метаморфозис, во јуни 2011 година, спроведе истражување за навиките на интернет кај децата на теми поврзани со приватноста и безбедноста на интернет, користењето мобилни телефони, играњето онлајн игри, четувањето, сајбер насилството, како и општите интернет навики.

Истражувањето беше спроведено во 8 градови во Република Македонија, на 517 ученици на возраст од 9 до 14 години.

Резултатите покажаа дека 93% од децата имаат пристап до интернет од дома, при што на 65%, компјутерот на којшто сурфаат, им е сместен во нивната детска соба, а само на 10,6% во дневната.

Резултатите од анкетата покажуваат дека малкумина родители се свесни за потребата од поставување на компјутерот на прометно место во домот заради повремено следење на активностите на нивните деца додека се приклучени на интернет.

OhridNews