Повеќе од 90 отсто од езерската вода на потегот од Свети Наум до струшкото село Радожда е од прва и втора категорија, покажуваат резултатите од извршените анализи врз 40 примероци на површинска вода од Охридското Езеро.
Како што изјави Сашо Точков, специјалист по санитарна хемија и броматологија во Центарот за јавно здравје кој ги изврши анализите, најголемиот дел од водата на источното крајжбрежје е од прва категорија.
„Најмногу од прва класа имаме примероци на вода на источниот брег од Св. Наум до брегот на плажата Парк. Мала деградација имаме кај Сараиште и Св. Софија, односно околу пристаништето каде има поголема фрекфенција на пловни објекти. Понатака, во делот на струшкото крајбрежје, поточно од Андон Дуков до Радожда, имаме наизменично прва и втора категорија, додека кај Калишта водата е од втора класа.“ – рече Точков.
Состојбата со реките кои се влеваат во Охридското езеро и понатаму е неповолна, односно водата од реката Черава која се влева од албанската страна кај Св. Наум е од четрврта и пета категорија. Точков напомена дека земени се примероци и од реката Црн Дрим кај пречистителната станица во струшкото село Враништа, кои се од четрвта и пета класа.
„Но и реките Коселка, Велгошка и Сатеска се со класи кои го оптеретуваат еко-системот на езерото. Најзагадена е Велгошка која е од четврта и пета категорија, додека Коселска и Сатеска од втора и трета. Пречистителната станица кај Враништа ја нема онаа ефикасност и водата што се испушта е од четврта и пета категорија, така да загадувањето е видливо и поголемо.“ – напомена Точков.
Од Центарот за јавно здравје информираа дека извршена е контрола и на јавните чешми во Охрид, а анализите покажале дека водата е со добар квалитет и безбедна за пиење.
„Очекувано сега е посуво време и нема да има големи варијации. Водата во Билјанини Извори е со добар квалитет веќе три месеци и водата кај чешмата крај црквата „Св. Петка“, која е хлорирана и безбедна за пиење. Тоа се точки кои изминатите години правеа проблеми кога имавме некои несакани последици по здравјето на човекот.“ – рече Точков.
OhridNews
Како што изјави Сашо Точков, специјалист по санитарна хемија и броматологија во Центарот за јавно здравје кој ги изврши анализите, најголемиот дел од водата на источното крајжбрежје е од прва категорија.
„Најмногу од прва класа имаме примероци на водат од источниот брег од Св. Наум до брегот на плажата Парк. Мала деградација имаме кај Сараиште и Св. Софија, односно околу пристаништето каде има поголема фрекфенција на пловни објекти. Понатака во делот на струшкото крајбрежје, поточно од Андон Дуков до Радожда имаме наизменично прва и втора категорија, додека кај Калишта водата е од втора класа.“ – рече Точков.
Состојбата со реките кои се влеваат во Охридското езеро и понатаму е неповолна, односно водата
од реката Черава која се влева од албанската страна кај Св. Наум е од четрврта и пета категорија. Точков напомена дека земени се примероци и од реката Црн Дрим кај пречистителната станица во струшкото село Враништа, кои се од четрвта и пета класа.
„Но и реките Коселка, Велгошка и Сатеска се со класи кои ги оптеретуваат еко-системот на езерото. Најзагадена е Велгошка која е од четрвта и пета категорија, додека Коселска и Сатеска од втора и трета. Пречистителната станица кај Враништа ја нема онаа ефикасност и водата што се испушта е од четврта и пета категрија, така да загадувањето е видливо и поголемо.“ – напомена Точков.
Од Центар за јавно здравје информираа дека извршена е конторла на јавните чешми во Охрид, а анализите покажале дека водата е со добар квалитет и безбедна за пиење.
„Очекувано сега е посуво време и нема да има големи варијации. Водата во Билјанини Извори е со добар квалитет веќе три месеци и водата кај чешмата крај црквата „Св. Петка“, која е хлорирана и безбедна за пиење. Тоа се точко кои изминатите години правеа проблеми кога имавме некое несакани последици по здравјето на човекот.“ – рече Точков.