“Пресуден фактор за појава на пожарите на отворен простор  е човечкиот фактор. Голем дел од пожарите се намерно предизвикани но и од невнимание. Тргнувајќи од овој факт и фактот дека превентивата е најдобра заштита од појава на пожарите деновиве сите вработени вонредно се мобилни низ територијата на паркот“ – истакна раководителот на секторот за заштита при ЈУНП „Галичица“ Новески Наумче

Од паркот апелираат до сите граѓани кои живеат и престојуваат на територијата на паркот како и до туристите, дека заради зголемена опасност од појава на пожар во летниот период како и според Закон за шуми,  забрането е  палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор. Чуварската служба на ЈУ Национален парк Галичица Охрид, против оние кои нема да ја почитуваат оваа забрана ќе превземе мерки согласно законот.

“Сами никако не можеме да ја заштитиме територијата на паркот. Неможам а да не истакнам дека покрај граѓаните на општина Охрид, туристите кои не посетуваат, најголеми чувари на паркот се токму жителите кои живеат во границите на паркот. Само заедно ќе ги избегнеме катастрофите како оние во 2007 година. Не смееме да го дозволиме тоа“, додаде Новески.

OhridNews