
Во школските клупи во охридските училишта денеска ќе седнат градоначалникот Александар Петрески, претседателот на Советот, Владо Чингоски, како и членовите на градскиот Совет. Целта на кампањата е да се придонесе за подобрување на образованието, а „враќањето на политичарите во училишните клупи“ треба да овозможи нивно запознавање со битните прашања сврзани со образовниот процес.
Еднодневната кампања насловена како „Најголемиот училишен час“ ќе се одржи во 200 земји ширум светот.
ohridnews











