Во бразилската агенција за животна средина тврдат дека во ботаничкта градина во Бразилија расте најголемата орхидеја на светот. Орхидејата е висока околу 2,5 метри, а на некои делови достигнува и до  три метри. Расте веќе пет години и има 19 долги стебла со 400 цветови кои цветаат.


Биологот Лу Мендез, шеф на ботаничката градина, рекол дека успеал билката да ја прилагоди на острата бразилска клима, која како што вели, е поостра и од малезиската матична клима на орхидејата. Билката претставува своевиден хибрид која настанал со вкрстување на цветот Grammatophyllum со родот Cyrtopodioum кој расте во бразилските прашуми.