Македонската ракометна Супер лига одново понуди возбудливи завршници и интересни моменти во мечевите од 12-та рунда кои се одиграа ширум државата. Екипите, натпреварите ги играат без калкулации бидејќи секој бод е многу важен во трката за плејофот или пак опстанокот.  12-то коло ќе се комплетира в четврток со дербито меѓу лидерот на табелата Металург и второпласираниот Охрид.


Резултати : Борец – Пролет 21-16, Пелистер – Вардар Ј. 27-22, Радовиш – Работнички 24-26, Металург 2 – Прилеп 34-43, Металург – Охрид.

Табела : Металург 33 (-1), Охрид 27 (-1), Прилеп 24, Работнички 24, Вардар Ј. 18, Радовиш 15, Пелистер 12, Пролет 12, Борец 10, Металург 2 1.

Ohridnews