Манчестер Јунајтед и американската компанија за спортска опрема Најк се пред потпишување на неворајатен договор, кој ќе ги сруши сите рекорди. „Црвените ѓаволи“ за пет години што ќе носат дресови со знакчето Најк ќе заработат 300 милиони евра што е апсолутен рекорд во фудбалот.

Средствата од овој договор ќе му бидат на распологање на новиот менаџер Дејвид Мојс, кој веќе има направено листа на  фудбалери кои ги посакува на Олд Трафорд.

Јунајтед и Најк соработуваат од 2002 година кога го потпишаа првиот договор. Претходно „бебињата“ од Олд Трафорд четири години носеа Умбро, а 12 години Адидас.

Мх.П.