Компанијата за спортска опрема Најк која е главен спонзор на Барселона на кратко во својот онлајн асортиман го понуди дресот на каталонците со името на Филипе Кутињо на грбот.

Дресот бил тргнат од понудата, но поединци успеале да го сликаат, да го прикачат на социјалните мрежи и да предизвикаат лавина реакции.

Бразилскиот репрезентативец е нескромна желба на Барселона и клубот Ноу Камп се` уште не се откажува од неговиот потпис иако „црвените“ од Енфилд во два наврати одбиваа понуди.

Зимскиот преоден рок почнува утре, а што ќе се случува на релација Барселона – Ливерпул за Кутињо останува да видиме.

OhridNews