Америчката компанија за спортска опрема „Најк“ подготви специјален поклон за Кристијано Роналдо кој во понеделник по четврти пат ја освои „Златната топка“ од „Франс фудбал“.


„Најк“, изработи позлатени копачки „виториас“ за Португалецот кој во трката за најдобар играч во светот според француското спортско списание ги совлада Лионел Меси и Ентони Гризман.


Компанијата за спортска опрема во продажба специјалните копачки ќе ги пушти во продожба за новогодишните и божиќните празници, а бројот ќе биде ограничен на 777.


Роналдо, награда од француското списание ја освојуваше во 2008, 2012 и 2013 година, а најмногу на ова признание се има радувано Меси кој пет ја има освојувано.

OhridNews