Најсилната кошаркарска лига (НБА) и америчката компанија за спортска опрема Најк потпишаа договор за соработка вреден милијарда долари.


Договорот меѓу Најк и НБА ќе трае осум години, а ќе стапи во сила од 2017/18 сезоната кога завршува десетгодишната соработка со Адидас.

Одлуката за повлекувањето на германската компанија од НБА лигата америчката компанија ја поврзуваат со фудбалот, каде Адидас има потполна надмоќност и богата понуда на конкурентската фирма.

Најк од 1992 година произведува реплики на дресовите од НБА лигата, а по стапување на сила на договорот амблемот ќе го има на секој тим во лигата.

Заштитен знак на америчката компанија во НБА лигата се Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Коби Брајант, Кајри Ирвинг и Расел Вестбрук.

Мх.П.