Крадецот на автомобили кој има само една рака уапсен е по седумдесетти пат во својата кариера. Верувале или не, го „вкопале“ кога на сила се обидувал да отвори врата од автомобил. 50-годишниот Румен Димитров, како што вели софиската полиција, едноставно не е за криминал, но тој, се чини, нема намера да се откаже. Прв пат го прекршил законот во далечната 1973 година, а последен пат е приведен заради обид за кражба на Мерцедес. „Знаевме дека е тој веднаш штом луѓето ни рекоа дека еднорак човек пробал да обие автомобил. Тој е веројатно е најлошиот крадец во Бугарија“ – изјави портпаролот на полицијата и докажа дека понекогаш и полицајците знаат да соберат два и два.

ViDi

С.К.