Вториот најскап фудбалер во историјата на фудбалот, Герет Бејл, нема да се врати во тимот на Реал речиси до крајот на сезоната. Веста која ги шокираша сите во „кралскиот клуб“ ја објави весникот „AS“.


Герет Бејл се повреди на 22-ти ноември на натпреварот во Лигата на шампионите, против Спортинг во Лисабон. Велшанецот се здоби со повреда на лигаментите на десниот глужд.

Бејл ја напуштил болницата каде што бил опериран, а потоа во клубот ја дознале шокантната вест, дека Велшанецот ќе мора да се рехабилитира најмалку четири месеци, а не како што првично објави клубот дека паузата ќе изнесува помеѓу шест и осум недели.

Повредата на Бејл значи дека тој ќе пропушти 25 натпревари, почнувајќи од дербито со Барселона, кое на програмата е в сабота. Во Лигата на шампионите крилниот напаѓач ќе може да заигра само доколку Реал обезбеди пласман во четвртфиналето.

OhridNews