Екипата на Челси до крајот на сезоната нема да може смета на Курт Зума кој на мечот со Манчестер Јунајтед имаше хорор повреда.


Дефанзивецот ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено откако не доскокна најдобро по дуелот со Маруане Фелаини.

Францускиот интернационалец коленото ќе ги оперира во најбрз можен рок, а ќе паузира сигурно шест месеци.

Дербито меѓу Челси и Манчестер Јунајтед на Стемфорд Бриџ заврши без победник 1-1, но „сините“ скапо го платија ремито обезбедено со гол во судиското продолжение.

OhridNews