Најмалку 10 илјади луѓе загинале во централната филипинска провинција Лејите каде што супертајфунот Јоланда/според меѓународна класификација Хаијан, еден од најстрашните во историја, го погоди овој дел од земјата разорувајќи ги крајбрежните градови, објавија денеска високи државни функционери, додека претседателот Бенино Акино рече дека не е можно да се даде прелиминарна процена, пренесува „Макфакс“.
„Да се даде процена е многу тешко, уште повеќе што не поседуваме целосни податоци“, изјави филипинскиот челник по советувањето во Манила са министрите и директорите на разните служби и агенции за справување со последиците од стихијата.
Меѓу 70 и 80 отсто од подрачјето кое се нашло на пат на тајфунот чии ветрови се движеа со брзина меѓу 275 и 215 километри на час и со бранови високи до шест метри, во провинцијата Лејита се избришани од лицето на Земјата, изјави началникот на регионалната полиција Елмер Сориа.
Во текот на ноќта имаме состанок со гувернерот и неговите службеници. Гувернерот изјави дека според неговите процени загинале 10 илјади луѓе. Разорувањата се страшни“, рекол Сориа за Ројтерс.
Централната влада и итните служби не ги потврдија овие бројки, значително поголеми од првичните според кои бројот на смртно настраданите се проценуваше на околу 1.200.
Тајфунот кој во петокот ги погоди централните филипински острови Лејита и Самар, Хаијан беше категоризира како супертајфун во 5-та категорија, кој во саботата мина во 4-та категорија, а во неделата дополнително ослаби удирајќи кон северен Виетнам.
Градот Таклобан на Лејита ја поднесе главнината од налетите на тајфунот кој потопи села дури и по неколку километри оддалечени од брегот оставајќи зад себе безживотни тела кои плутаат, куќи срамнети со земјата и блокирани патишта прекриени со стебла и електрични столбови.
„Димензиите на разорувањето се гледаат од хеликоптер. Од брегот на до километар во длабочина на копното нема повеќе ниеден објект. Изгледа како да минало цунами. Немам зборови со кои би го опишал она што го видов. Страшно“, изјави филипинскиот министер за внатрешни работи Мануел Роксас откако го посети градот од 220 илјади жители, 580 километри југоисточно од престолнината Манила.
„Има мртви тела по улиците, во домовите, под урнатините, насекаде ги има“, изјавил службеник во градската управа Тескон Џон Лин.
Дневниот весник Philippines Dauly Inwuirer забележува дека о многу области кои се протегаат на стотици километри од истокот до западот уште не е воспоставено снабдувањето со електрична енергија. Според претседателот Акино, како врвен приоритет на својата влада го одреди враќањето во погодените области снабдувањето со електрична енергија и комуникациите неопходни за испорака на хуманитарна помош и медицинска помош на жртвите.
OhridNews
извор:“Макфакс“