За да се подготви скромна велигденска трпеза потребни се од 1.500 до 3.500 денари. Според понудата низ охридските маркети, OhridNews направи мала анализа за тоа колку пари би потрошило едно 4-члено семејство за скромна домашна прослава на празникот.
За купување на една табла јајца потребни се од 160 до 200 денари. За набавка на две бои ја бојадисување на јајца потребни Ви се од 20 до 100 денари, во зависност од видот на бојата, додека пак за сликички и украси може да се потрошат од 10 до 50 денари.
За подготовка на велигденски козињак потребни се од 60 до 100 денари, а исто толку средства ќе Ви требаат и за подготовка на кифлички. За набавка на еден вид на сувомесен производ, од околу 500 грама потребни се од 90 до 200 денари, а исто толку пари требаат и за набавка на 500 грама кашкавал.
Цената на еден килограм свежо месо, во зависност од видот, се движи од 200 до 400 денари. Еден килограм компири ќе Ве чинат од 20 до 60 денари, а за набавка на свежа салата ќе Ви бидат потребни од 20 до 150 денари, во зависност од видот на салатата. Филувана торта, ќе може да купите или да подготвите по цена од 500 до 1000 денари
За набавка на еден газиран сок од 1,5 литри, потребни се од 30 до 80 денари, а исто токолу пари требаат и за набавка на негазиран сок од 1 литар. Минералната вода од 1,5 литри се движи од 15 до 25 денари, додека пак цената на литар обично вино се движи од 70 до 150 денари.
Според нашата пресметка, по горе-приложените цени, скромната велигденска трпеза ќе Ве чини од 1.590 до 3.410 денари.
Е.М