Најмладиот менаџер во елитното англиско друштво, Еди Хау кој го предводи тимот на Бурнмаут се закити со наградата за најдобар менаџер во Премиер лигата за јануари.
„Црешите“ во првиот месед од Новата година успеаја да ги совладаат Арсенал и Ливерпул, а непоразени да останат во дуелите со Брајтон и Вест Хем.
40-годишниот стратег со освојувањето на награда за најдобар менаџер ја прекина серијата на Пеп Гвардиола кој признанието го добиваше за септември, октомври, ноември и декември.
Наградата за најдобар погодок му припадна на Вилијан од Челси за погодок против Брајтон во победата 4-0. Допрва челниците на Премиер лигата ќе го објават името на најдобриот фудбалер за јануари.
OhridNews