Маскирани во пеперутки, самовили, супер херои, вештерки, пчели и бубамари најмладите охриѓанчиња од ЈОУГД „Јасна Ристеска“ го одбележаа светскиот ден на шегата, Први април.
Со игра и песна за доаѓањето на пролетта, на градскиот плоштад, ги одушевија присутните, меѓу кои беше и градоначалникот Јован Стојаноски.
Најмладите облечени во најразновидни костими можеа да се забележат насекаде низ улиците.
OhridNews
















