НУ Библиотека “Григор Прличев“ – Охрид во соработка со библиотека од рускиот град Воронеж , организираат конкурс на “детски цртеж“,  според раскази на руски и македонски писатели.

Децата од Македонија ќе цртаат слики според расказот “Кашата на Мишко“ од Николај Носов, а децата од Русија ќе цртаат слики според расказ на Оливера Николова. Расказите  ќе бидат објавени на сајтовите од двете библиотеки.  Димензиите на сликите треба да бидат во А3 формат во која било техника. На конкурсот може да земат учество деца од предучилишните установи и од основните училишта. Сите учесници ќе добијат награди, а најдобрите 3 места ќе бидат посебно наградени.

Конкурсот ќе се одржи во период од 22 до 25 март годинава, во рамки на неделата на детска книга. Цртежите треба да бидат донесени во НУ Библитоека “Григор Прличев“ – Охрид најдоцна до 15 март. Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 3-ти април на сајтовите на библиотеките и во Библиотеката во Охрид.

Овој проект НУ Библиотека “Григор Прличев“ – Охрид, го организира со поддршка на амбасадата на Руската Федерација во Македонија, а целта на истиот е истиот е зближување на двата словенски народи.

OhridNews