Најмладите во детската градинка „Јасна Ристеска“, денеска, со песна и игра го поздравија доаѓањето на пролетта.


Во петте детски градинки во Охрид денес можеа да се видат насмеани цветчиња, разлетани бубамари, пчелички, разиграни мравки, расвирени штурчиња, насмеани сонца и сл.


Дечињата заедно со воспитно-образовниот и воспитно-згрижувачкиот кадар ја реализираа програмата за пролетта на тема: „Пролет, пролет мила ти ми даваш сила, да растеме пееме и да се смееме“, која секоја година традиционално се реализира по повод Денот на пролетта.

OhridNews