Во организација на Женски центар „Бисера“, а во соработка со основните охридски училишта и детските градинки, во ОУ „Братство и единство“ со пригодна манифестација се одбележа Меѓународниот ден на таткото.
Во рамки на програмата, се претстави секое училиште, како и најмладите охриѓанчиња од градинките, а при тоа беа доделени и признанијата за наградените творби на претходно распишаниот конкурс на тема „Татко“.
Манифестацијата се одржа под покровителство на општина Охрид.
OhridNews