Најмладите охриѓанчиња од градинките, ученици од основните и средни училишта, претставници од локалната самоуправа и бројни граѓани денес одржаа дефиле низ градските улици со порака „Чекориме за безбеден сообраќај“.

Најмладите но и сите останати на овој начин упатуваат апел до сите учесници во сообраќајот како треба да се грижиме во иднина и да го подигнеме степенот на безбедност.Ова е манифестација која практично значи апел до сите учесници во сообраќајот-возачите на патнички и товарни возила,велосипедистите,пешаците да внимаваме на својата,но и на безбедноста на сите други учесници.Заедно можеме да го направиме она што го посакуваме,а тоа е да го намалиме бројот на случени сообраќајни незгоди, вели претседателот на општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот,м-р Стефан Димоски.

Најмладите охриѓанчиња преку низа активности веќе подолг период учат за безбедноста во сообраќајот и како да се однесуваат на улица.

Вклучени сме во сите вакви настани во соработка со советот за безбедност со цел да ги воспитаме децата уште од најмали нозе како да се грижат за сопствената безбедност и здравје.Сите овеие навики кои сега ќе ги стекнат и научат остануваат како трајна вредност, потенцира директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Розе Костоска.

Во рамки на манифестацијата во Центарот за култура, се одржа и пригодна програма при што децата преку музика и игра ја пратија пораката до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја зголемат сопствената безбедност и безбедноста на останатите.

OhridNews