Екологисти и научници кои ја промовираат еколошката програма, во рамки на интернационалното собрание на национални оператори од емјите членки на светската фондација за еколошка едукација деновиве ја посетија И детската градинка „Јасна Ристеска“.

Градинката ,во еко проектот за зголемување на еколошпката свест е вклучена од 2009 година.

Најмладите имаа можност да прикажат дел од цртежите на тема екологија, а еко активностите  се дел од секојдневните активности во кои се вклучени децата згрижени во детската установа.

Охридските образовни институции кои континуирано работат на зголемување на еколошката свест ќе можат да користат средства од европски фондови.

OhridNews