Во објектот „Билјана“ при ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, денес, се одржа завршна активност од проектот „Математиката низ активности“, кој се реализираше еден месец.

Во активностите беа вклучени децата од сите возрасни групи и нивните родители, при што најмладите имаа можност да ги совладаат основните математички операции со помош на методи прилагодени на нивната возраст.

По повод Велигденските празници најмладите охриѓанчиња, денес, боеја и велигденски јајца , а беа изведени и неколку забавни точки.

OhridNews