
-Одговорно тврдам дека немаше никаков инцидент. Се работи за лажна дојава која ја вознемири не само јавноста, туку и нас бродарите. Сметаме дека ваквиот непримерен чин има за цел негативно да влијае на охридскиот туризам, што не е добро.-изјави заповедникот на брод за OhridNews.
И раководителот на охридската Капетанија, која е надлежна за безбедноста на сообраќајот на вода, претходно ни изјави дека нема информации оти се случил некаков инцидент на Охридското Езеро. За да се исклучи секаков сомнеж, вечерва бил направен инспекциски преглед на пловниот објект за кој пристигнала дојава за пожар.
За случајот известени биле и спасувачките тимови на Црвениот крст, но и тие не констатирале пожар на посочениот пловен објект. Пожар не бил констатиран ниту од надлежните служби кои по дојавата веднаш излегле на местото каде било посочено дека се случил настанот.












