Центарот за култура “Григор Прличев” во соработка со Кинотека на Македонија и Гете Институт за врски Скопје, од утре до 14- ти септември ќе врши проекции на познати бајки за деца.

Утре, со почеток во 19 часот, ќе се прикажува филмот „Мачорот во чизми“, а во наредните денови, во истиот термин, најмладите ќе имаат можност да ги проследат проекциите на „ Златнокоса“,  „ Храбриот кројач“, „ Кралот жаба“, „Трнорушка“.

Цена на влезницата за проекциите чини 60 денари.

OhridNews