Иако производителите предупредуваат дека рокот на траење на маскарата е до три месеци, повеќето жени ја користат маскарата подолго време, и го игнорираат фактот дека тие можат да бидат легло на микроорганизми. Исто така доколку ја користите маскарата повеќе од три месеци може да добиете сериозна инфекција на очите.


Американските научници неодамна тестираа голем број на различни маскари и заклучиле дека 33% од примероците кои ги тестирале содржеле најразлични бактерии. Покрај нив откриле најразлични стафилококи и стрептококи и габи. По истекот на три месеци маскарата не е безбедна да се користи, а во летните периоди се препорачува да се користи помалку од два месеци поради високите температури на кои е изложена маскарата во чантата на жените.

Ова се некои основни правила за употреба на маскара:

– Чувајте ја на ладно, суво место, дури и во фрижидер, а потоа во некоја фиока во соба која не е премногу загреана.

– Менувајте ја на секои 3 месеци, дури и да не сте ја потрошиле старата.

– Не нанесувајте повеќе од 2 слоја на трепките. На тој начин може да ги затнете лојните жлезди околу рабовите на очните капаци.

– Никогаш не ставајте маскара во автомобил! Офталмолозите тврдат дека во нивните канцеларии често доаѓаат жени со тешки инфекции и повреди на рожницата на окото, како резултат на обидите да се нашминкаат додека се возеле во автомобил.