Ашера е најретката, најегзотичната и најскапата мачка на светот. Нејзината цена е 12 000 фунти. По големина е како помало куче а телото и го красат пруги како кај тигар или леопард. А дека за некои луѓе цената не превисока докажува и листата на чекање од девет месеци за Ашера маче. Британскиот бизнисмен Сајмон Броди кој се бави со одгледување на овие мачки ги продава за 11 000 фунти плус трошоци за превоз. Ашера е хибриден вид на мачка добиена со вкрстување на на два вида диви мачки-африканска мачка и азиски леопард вкрстени со домашна мачка.


мачка од 12.000 фунти !

Оваа (пре) скапа мачка ако се исправи на задните нозе достигнува височина до еден метар, а максимална тежина и е 13 килограми. Господинот Броди се колне дека таа има добра нарав.„Ашера е единствена, прекрасна мачка. Скапа е, но имам купувачи од Америка, Азија и Русија. Луѓето кои сакаат да имаат прекрасен куќен љубимец,  нема да жалат да потрошат 13 000 фунти на оваа мачка, а останатите ќе ги потрошат парите на накит или нешто слично“ вели Сајмон Броди.  

Ј.М.