Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на цените на земјоделските производи на зелените пазари во септември 2012, во споредба со истиот месец од 2011 година, се забележува кај црвените домати, зелката, карфиолот и лимоните. Најголемо намалување на цените е забележано кај лукот и лупените ореви.

Најголемо зголемување на цените на земјоделските производи на пазарите на големо во септември 2012, во споредба со истиот месец од 2011 година, се забележува кај црвените домати, компирите, гравот, зелката, лубениците, крушите, јаболката и лимоните. Најголемо намалување има кај лукот и лупените ореви.

OhridNews