Старт од соништата за охридскиот ракометен клуб кој во мечот од првата рунда од националниот куп во езерското дерби ја совлада екипата на соседна Струга. Ракометарите на Охрид, потенцираа дека нема послатка победа од онаа кога ќе се совлада езерскиот ривал.


Со душа го чекавме овој ден, и верувајте најслатка е победата над соседот. Триумф над Струга во било кој спорт,дали е тоа фудбал, ракомет, кошарка нема поголема сатисфакција кога ќе ги совладате езерските ривали – вели охридската единица Пецаков Кирил.


Со девет постигнати гола, Трифуноски беше нерешлива енигма за одбраната на “паткарите“, тој исто така потенцирша дека победата во “езерското дерби“ има посебен сјај. Голот на Андовски во 30 минута е еден од ретките кој се гледа на терените во Македонија.


Победата над стружани е најслатка, долго се подготвуваме и го чекавме овој меч,одлично одигравме и ете на крајот зедно со нашите верни навивачи се израдувавме на победа – рече Андоновски. 

М.П.