За огрлицата која е пронајдена во близина на езерото Титиак во јужен Перу археолозите велат дека е најстариот познат златен предмет направен на подрачјето на денешна Америка. Тестирањата врз основа на датирањето на радиоактивниот јаглен покажуваат дека предметот е стар околу 4000 години.


Откритието покажува дека користењето на златен накит било статусен симбол и пред појавата на сложеното општествено уредување во Андама. Водачот на студијата др. Марк Алдендерфер од сеучилиштето во Аризона вели дека овој предмет е доказ дека златото имало поголемо општествено значење од само моден украс. Огрлицата е пронајдена во гроб во близина на населба во Jiskairumok, населба настаната околу 3300 година до 1500 година пред Исус. Истражувачите сметаат, спрема наодите во гробот, дека ја носела возрасна, постара жена. Оваа огрлица била знак дека тој што ја носи има одреден углед и статус. Ова ни кажува на кој начин луѓето пред неколку илјади години сакале да го истакнат својот статус во општеството. Некои работи не се менуваат…