Го нарекуваат уште и европски Галапагос. Охридското Езеро во Македонија е најстарото и најголемо биодиверзифицирано езеро во светот, каде што живеат повеќе од 350 видови жив свет, како никаде на друго место, поради што тоа е прогласено за светско природно наследство. Исто така тоа е најстаро езеро во Европа, што преживеало повеќе од милион години. Но, ништо од тоа не може да го спаси, пишува во сторијата што ја објави порталот „New scientist“.
Градот сака туристички бум на брегот на Охридското Езеро
Од април, британските туристи ќе започнат да ги користат евтините летови на „Визер“ од Лутон за одмор во Охрид. За да ги задоволи нивните потреби на најкритичните делови од езерскиот екосистем ќе се градат сместувачки капацитети и инфраструктура.
“Охридско Езеро е Светиот грал за биолозите од целиот свет”, вели Кристијан Албрехт од Универзитетот Гисен во Германија. “Но, тоа се соочува со криза на биолошката разновидност.” Албрехт беше дел од меѓународен тим на истражувачи, кои навлегоа речиси 600 метри во седиментот на езерото, во 2013 година, за да ја откријат комплексната историја на езерото. Тие открија “комбинација на долговечност и стабилност на езерото што ја предизвикало еволуцијата на ендемските видови”.
“Езерото не е старо колку познатите големи езера на светот, како што се Бајкалското или Тангањика,” вели Албрехт. “Сепак, ако се земе предвид неговата големина, тоа е најмало биодиверзифицирано езеро во светот. Сериозно сум загрижен за иднината на ендемските видови во Охридското Езеро. Многу од нив сега се ограничени на неколку квадратни метри од езерото.” – предупредува Албрехт.
Уникатни ендемски видови
Поголемиот дел од ендемските видови риби, полжави, сунѓери и црви во Охридското Езеро се наоѓаат само тука и никаде на друго место во светот. – вели Даниел Јаблонски од Универзитетот во Братислава во Словачка.
Живот во Охридското Езеро има преживеано многу во текот на својата долга историја, вклучувајќи ги повторените глацијации и последиците од вулкански ерупции.
Според научната јавност опасност на Охридското Езеро му се заканува од зголемување на човечката популација и туризмот. Загрозени се функциите на Студенчишкото блато кое е филтер на езерото, вели Албрехт. Тоа е единствен преживеа блатен систем околу езерото и дом на ретки видови флора и фауна, меѓу кои и на четири глобално загрозени видови пеперутки. Планот е овој блатен систем да се исцеди за да се изградат луксузни живеалишта и марина.”Овие развојни планови неповратно ќе го уништат овој клучен екосистем”, вели Албрехт.
Во писмото испратено до Претседателот на Македонија во октомври, Јаблонски рече дека планот да се исцеди мочуриштето, и трската да се замени со увезен песок, за да се создадат плажи во медитерански стил е целосно неприфатлив”.
Досега градските власти не одговорија на нивните апели, пишува „New scientist“.
OhridNews
Извор: „New scientist“