Најстудено утрово било во Берово каде се измерени -7 степени, додека во Охрид минималната температура се спушти до -2 степени Целзиусови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска ќе биде сончево, утрото студено преку денот со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 10 степени Целзиусови.

Слично време ќе преовладува и утре. Во сабота облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен јужен ветер. Попладне на запад ќе започнат врнежи од дожд, а на планините од снег. Преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. Во недела, особено претпладне се уште ќе има локални врнежи од дожд, а во подрачјата повисоки од 700 м.н.в. врнежите ќе поминуваат во снег. Нов влажен и релативно топол бран се очекува од почетокот на наредната работна седмица. 

OhridNews