Видическа Дамјана и Јанева Исидора, ученички во втора година во ОСУ „Св. Климент Охридски“ се меѓу најуспешните средношколци во земјава кои како добри познавачи на германскиот јазик ќе учествуваат на Работилницата за креативно пишување која од 22 до 24 ноември ќе се оддржи во Скопје.

Видическа и Јанева за едно со останатите учесници на работилницата ќе имаат можност уште подобро да го совладаат германскиот јазик, а при тоа ќе се обработуваат и есеи под раководство на германската писателка Карен Сузан Фесел. При тоа заедничкии ќе се работи и на публикацијата која е предвидено да се печати во наредниот период.

Работилницата за креативно пишување се одржува под покровителство на Гете Институтот Канцеларија за врски- Скопје и друштвото за македонско- германско пријателство .