Бао Ксисхун, монголски овчар и официјално највисок жив човек на светот (2м36цм), бил повикан од кинеските власти напомош бидејќи сите претходни обиди за спасување на двата делфини во аквариумот во Фушун, Кина – пропаднале.

Имено, делфините кои се атракција на аквариумот, проголтале парчиња пластика и постоела опасност да се задушат. Нивните грла биле преосетливи на секаков вид инструменти, а никој од ветеринарите немал „доволно“ долги раце. Затоа 50-годишниот гигант имал. Ја протнал својата 1,06м долга рака во нивните стомаци и ги извлекол парчињата кои им правеле проблеми на делфините. Локалните доктори и директорот се многу благодарни на Бао, кој до 16-та година имал нормален раст, но потоа почнал нагло да расте, а сегашната висина ја досегнал за 7 години. Во Guinness влегол минатата година надминувајќи го претходниот носител на титулата, Радхуане Чарбиб од Тунис за само 2мм.