Македонската параолимпијка, Оливера Наковска-Бикова, во квалификациите, во дисциплината 10 метри воздушен пиштол, постави нов светски рекорд и како првопласирана избори пласман во финалето.

Наковска-Бикова, во квалификациите погоди 381 круг, што е за цели девет кругови подобро остварување од нејзиниот најдобар резултат.
Финалето во дисциплината 10 метри воздушен пиштол ќе се одржи во петок, во попладневните часови.











