Налепниците со ознака „NMK“ од денеска веќе се достапни за граѓаните во станиците за технички преглед на возила во Охрид, каде од утринава видно беше зголемена фреквенцијата на возила.

Како што информираат оттаму возачите треба да дојдат во станиците за технички преглед со сопственото возило каде ќе пополнат барање, а со себе треба да понесат лична карта и сообраќајна дозвола.

Нелепниците се даваат бесплатно, но треба да бидат ставени на регистарските таблички од страна на контролорите во станиците за технички преглед.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека освен оние возила што ја имаат ознаката НМК, сите останати треба да имаат налепница.

Обврската за налепниците НМК на регистарските таблички на возилата произлегува од одредбите на Преспанскиот договор потпишан со Грција.

OhridNews