Налепници со ознака „NMK“ достапни за охриѓани во станиците за технички преглед на возила
12.02.24 13:34
Налепниците со ознака „NMK“ од денеска веќе се достапни за граѓаните во станиците за технички преглед на возила во Охрид, каде од утринава видно беше зголемена фреквенцијата на возила.
Како што информираат оттаму возачите треба да дојдат во станиците за технички преглед со сопственото возило каде ќе пополнат барање, а со себе треба да понесат лична карта и сообраќајна дозвола.
Нелепниците се даваат бесплатно, но треба да бидат ставени на регистарските таблички од страна на контролорите во станиците за технички преглед.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека освен оние возила што ја имаат ознаката НМК, сите останати треба да имаат налепница.
Обврската за налепниците НМК на регистарските таблички на возилата произлегува од одредбите на Преспанскиот договор потпишан со Грција.
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 10:20 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „АСНОМ“, „Никола Карев“, дел од „Галичица“ и дел од „Булевар Туристичка“, инф...
Новата сезона во кошаркарската Евролига започна синоќа со седум натпревари од првото коло, а уште на стартот не недостасуваа изненадувања и драматични завршници Најголемо внимание привлече победата...
Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски со уште една „Импровокација“ Септемвриското издание ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.